23.8 C
Скопје
19. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Невреме во Македонија – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

Денес попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

И утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за појава на краткотрајно невреме. Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура ќе биде без позначителна промена.

Прогноза за 23.05.2024
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има краткотраен локален дожд и услови за ретки грмежи.

Прогноза за 24.05.2024
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 25.05.2024
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, најизразен долж Повардарието.