20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шест лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во центарот на Кабул

Најмалку шест лица загинаа, а десет други се ранети во самоубиствен бомбашки напад во централниот дел на Кабул, главниот град на Авганистан, изјавија официјални лица.

Меѓу жртвите има и неколкумина полицајци, но точниот број засега не е познат.

Нападот го извршил бомбаш самоубиец во близина на полициски пункт и училиште во центарот на Кабул. Во овој дел од градот има згради на министерствата за финансии и правда, а во близина е и претседателската палата.

Портпаролот на полицијата во Кабул, Басир Муџахид, рече дека бил на 20-ина метри од местото на експлозијата, каде што половина час порано имало демонстрации.

Засега никој не презел одговорност за нападот. Авганистанските официјални лица претходно објавија дека најмалку 20 припадници на безбедносните сили се убиени во судирите со талибанците во источната провинција Газни.