14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Две торби со марихуана најдени кај Ќафасан

Две торби со марихуана се пронајдени во зелениот појас во близина на граничниот премин Ќафасан.

Според информациите на охридската полиција, вчера околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, полицијата пронајде две торби со 46 пакувања марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.

На местото каде што се пронајдени двете торби извршен е увид по што тие се подигнати, а дрогата е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно документирање и расветлување на настанот.

Спонзорирано: