10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Ќе ги обезбедиме сите предуслови за почеток на преговорите со ЕУ во јуни 2019

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на својата работна посета на Брисел оствари неформален брифинг со претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ).

На состанокот, како што информираа од кабинетот на Османи, тој ги брифирал претставниците на КОВЕБ за актуелната политичка состојба во земјата оценувајќи ја политичката клима како позитивна за имплементација на предвидените реформи, особено сега по првата одлука за пристапување кон промени на Уставот во согласност со договорот од Преспа, со што се откочи и работата на Собранието.

„Како Влада и како држава внимателно работиме на исполнување на сите забелешки и препораки содржани во извештајот на Европската комисија, особено оние што упатуваат и на заклучоците од јунските самити на Советот на ЕУ, со што ќе изградиме солидно портфолио што ќе обезбеди конфирмација на одлуката од страна на Советот следниот јуни и почеток на преговорите“, истакна Османи посочувајќи притоа на напредокот и во имплементација на уставните измени и на реформите од планот 18.

Османи за време на средбата посочи дека очекува навреме да бидат адресирани сите клучни области имајќи го предвид фактот дека темпото на имплементација на реформите се засили по откочувањето на Собранието со првото зелено светло за уставните измени.

Османи е во работна посета на Брисел, каде што, покрај брифингот со претставниците на КОВЕБ, ќе оствари и работна средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Спонзорирано: