17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Преродба“ најавува повторна блокада на сообраќајот кај Собранието

Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“, која пред една недела со денови го блокира сообраќајот кај Собранието, за денеска повторно најави дека ќе ги блокира улиците од 16 до 20 часот.

„По објавата на ‘Македонија блокира’ на 4 ноември и најавениот протест од ‘Бојкотирам уставни промени’ за 18 ноември пред Собранието, веќе една седмица како полицијата со полициски кордон нè спречува да ја блокираме раскрсницата пред Собранието и Градската болница. Првиот ден, кога беше поставен кордонот, со образложение дека треба да минува некоја делегација, а во петокот, 9 ноември, со образложение дека тоа е поради Градската болница, дека со тоа ги штитат болните таму!? Здружението на граѓани, граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење ‘Преродба’, ја поздравува грижата на полицијата за болните во болницата и како здружение со високоразвиена свест и совесност за здраво живеење ќе продолжи да ја блокира раскрсницата, секој работен ден од 16 до 20 часот. Барем неколку часа во денот болните и вработените во болницата да бидат во мир и поздрава животна средина!“, велат од „Преродба“.

Од таму ги повикуваат, како што велат, сите совесни и одговорни суверени и граѓани на Република Македонија, медиумите и целата македонска јавност да ги поддржат блокадите во одбрана на македонскиот суверенитет и да застанат за својата татковина, но и за болните и вработените во болницата, барем неколку часа во денот да им се создадат почисти, поздрави услови и заштита од бучавата и од отровните гасови од возилата.

Спонзорирано: