6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРАМОЗАИК

Библиотека во Њујорк на своите членови им изнајмува и чанти и вратоврски

Од август членовите на библиотеката во Њујорк, на Менхетн, покрај книги, може да изнајмуваат деловни рачни чанти и торби во неутрални бои, но исто така и монохроматски вратоврски или оние во риги.

Народните библиотеки веќе долго време им нудат на своите членови повеќе од книги од дивидија преку цедиња до бесплатна употреба на компјутери, но од неодамна сите оние што се подготвуваат за интервју за работа може да позајмат вратоврска и акт-чанта во јавната библиотека во Њујорк.

Библиотекарката Мишел Ли дошла на оваа идеја затоа што неколку пати слушнала од младите членови на библиотеката дека немаат соодветни модни додатоци за да одат на интервју за работа.

„Се надевам дека повеќе млади луѓе ќе дојдат кај нас за да ја искористат понудата и дека по еден од таквите разговори ќе може да ја добијат работата што ја сакаат или првото стажирање“, изјави Ли за „Њујорк тајмс“.

Спонзорирано: