11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Канадските разузнавачки служби ги преслушале аудиоснимките од убиството на Кашоги

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, е првиот западен лидер што изјави дека разузнавачките агенции на неговата земја ги преслушале аудиоснимките од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Трудо во Париз изјави дека тој лично не ги слушал снимките ниту, пак, сакаше да соопшти детали за она што имало на снимките и што успеале разузнавачките служби да чујат на нив, пренесува АП.

„Канадските разузнавачки служби многу внимателно работат на ова прашање со турската разузнавачка служба, а Канада е целосно информирана за она што Турција го сподели со неа. Пред неколку недели разговарав со Ердоган и кратко разговаравме и овде во Париз“, изјави Трудо.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пред два дена рече дека официјални лица од Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и од Велика Британија добиле аудиоснимки во врска со убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги и дека сите може да ги чујат.

Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври, но неговото тело се уште не е пронајдено.

Спонзорирано: