11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Белата куќа: Дождот го спречи претседателот да го посети меморијалниот центар во Париз

Американскиот претседател Доналд Трамп се најде на удар на критики, зошто не го посетил меморијалниот центар на американските војници во Франција.
Белата куќа ја брани одлуката на американскиот претседател да не го посети меморијалниот центар, бидејќи врнело дожд. Како што се наведува во соопштението, лошото време и слабата видливост го спречија хеликоптерот на претседателот.

Сепак, францускиот, германскиот и канадскиот лидер присуствуваа на меморијалните настани организирани во саботата. Како што го правдаат, Трамп не сакал да предизвика дополнително блокирање на сообраќајот за последната поворка.

„Претседателот Трамп не сакаше да предизвика таков прекин на сообраќајот во градот и на народот“ соопшти портпаролот на Белата куќа, Сара Сендерс, потенцирајќи дека рутата била 96 километри североисточно од Париз.

Трамп речиси целиот ден го поминал во амбасадорската резиденција и посетил друг меморијален центар во Париз во неделата.

Критиките велат како можел канадскиот премиер Џастин Трудо да патува речиси 200 километри надвор од Париз за да присуствува на церемонија, и тоа на дожд.

Значајната критика дојде од британскиот министер за одбрана, Тобијас Елвуд, кој на Твитер напиша: „ Дождот не ги спречи нашите храбри херои да ја завршат својата работа”.

Спонзорирано: