16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јункер за ручекот со Трамп и Путин: Интересно е да ги слушаш

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјавил дека било многу интересно да ги слуша американскиот и рускиот претседател за време на ручекот во Елисејската палата.

Тие присуствуваа на церемонијата на која се одбележа завршувањето на Првата светска војна, а за тој повод францускиот претседател Емануел Макрон приреди свечен ручек во Елисејската палата.

Јункер, кој седеше до рускиот претседател, а спроти Трамп, рекол: „Беше интересно да ги слушаш овие двајца момци“.

Според Јункер, трговските разговори со Трамп во јули, не биле забавни.

„Не беше забавно, но …затоа немаме нова трговска војна меѓу САД и Европа“ реол Јункер.

Спонзорирано: