16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јоханис: Романија не е подготвена да претседава со ЕУ

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека Романија не е подготвена да го преземе ротирачкото претседавање со ЕУ, на 1 јануари идната година, поради што ја повика Владата да поднесе оставка.

Јоханис рекол дека ситуацијата излегла од контрола и дека постои политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече несреќен случај на романската демократија, пренесе АП.

Вјорика Данчила стана премиерка во јануари, но таа има малку извршни овластувања, додека Владата всушност ја води лидерот на владеачката Социјалдемократска партија, Ливи Драгне. Тој неможе и официјално да биде премиер поради обвинувања за кражба на гласови.

Спонзорирано: