17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

И последниот амандман доби „зелно светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со што заврши расправата во Комисијата за четирите нацрт-амандмани.

На четвртиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет, се предлага да се додаде дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Претходните неколку дена во Собранието, на комисиката расправа поминаа трите нацрт-амандмани кои Владата пред околу една недела ги достави до Собранието.

Следен чекор е пленарната седница што ја закажа претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 1 декември. Потоа, во последната фаза од постапката за менување на Уставот, повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство. Според роковите, очекувањата се целиот процес на усвојување на уставните измени да заврши во втората половина на јануари 2019 година.

Измените на Уставот се очекува да стапат на сила откако грчкиот Парламент ќе го ратификува договорот помеѓу Македонија и Грција, како и откако Грција ќе го ратификува протоколот за пристап на Република Македонија во НАТО.