18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се одбројуваат минутите до патувањето на Никола во Шутка: Кога Груевски ќе влезе во затвор?

Ниту денес Никола Груевски, почесен лидер на ВМРО ДПМНЕ и некогашен премиер не се појави пред капиите на затворот Скопје, инаку познат како “Шутка”, бидејќи се наоѓа во населбата Шуто Оризари.

Во петокот како што објави Centar.mk, курирот имаше 3 неуспешни обиди на Никола Груевски да му ја додели официјалната “покана” за Шутка.

Следната можност, доколку се разбира, сам Никола не се појави пред затворските порти, на куририте да го достават решението е во среда, кога всушност Груевски треба да се појави на судско рочиште за случајот “Титаник”.

Рочиштето за Титаник беше закажано за утре, но поради одредени причини истото е презакажано за среда – 14-ти ноември.

До кога ќе биде толериран Груевски?
Засега судот не соопштува до кога ќе толерира Никола Груевски за отслужувањето на казната, но сепак најавуваат дека следниот обид за достава, покрај онаа реална можност во среда, ќе биде утре, кога курирот пак ќе затропа на вратите на живеалиштето на некогаш најмоќниот човек во државава.

Груевски нема можност да ја напушти државата бидејќи веќе со години е без пасош.

Спонзорирано: