22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Велосипедист заврши во болница поради удар од возило

Вчера на улицата „Вардарска“ во Велес, патничко возило удри во 74-годишен велосипедист од Башино Село.

Велосипедистот, како што соопшти МВР, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. Полицијата извести дека се работи на целосно расчистување на случајот.