Претседателот на САД, Доналд Трамп го оцени како многу навредлив предлогот на францускоиот претседател, Емануел Макрон дека Европа треба да создаде сопствена војска за да се заштити од САД, Кина и Русија.
„Ова е многу навредливо, но можеби Европа треба прво да го плати својот дел од НАТО, што САД великодушно го субвенционира“, напиша Трамп.
Макрон неделава изјави дека Европејците нема да можат да се бранат без вистинска европска армија. Францускиот претседател појасни дека се наметнува ваква потреба поради однесувањето на Русија и Кина, па дури и САД.
Спонзорирано: