18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Торта Бел ангел: Моќен и воздушест десерт само за најдрагите гости

Тортата Бел ангел подгответе ја за специјални прилики…

Состојки за кора:

15 белки
15 лажици шеќер
15 лажици сечкани ореви
6 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
Состојки за фил:

300 гр мелени ореви
2 дл сок од портокал
100 гр чоколадо
15 жолчки
15 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
375 гр путер
3 банани
1/2 лимон
200 гр шлаг крем во прав
3 дл мелко
Состојки за украсување:

300 гр шлаг крем во прав
4,5 дл газирана вода
Начин на подготовка:

Разматете 5 белки со 5 лажици шеќер, додајте 5 лажици сечкани ореви, 2 лажици мелени ореви и 1 лажица брашно. Ова е мера за една кора, а вкупно треба да испечете три.

За филот, измешајте ореви и сок од портокал, додајте 100 гр растопено чоколадо и оставете да се излади. Разматете жолчки со 15 лажици шеќер и ванила, гответе на пареа па изладете и додајте ги во разматен путер. Разматете пенасто, па додајте сечкани банани прелиени со сок од лимон. Соединете ги бананите, филот од ореви и филот од жолчки.

За другиот фил, разаматете шлаг крем во прав со млеко.

За украсување на тортата разматете 300 гр шлаг со 4,5 дл газирана вода.

Формирајте ја тортата и украсете со шлаг.

Уживајте!