25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Фаширани шницли на жар

Ќофтињата подготвени на жар се посебно сочни, а можете да ги подготвите и во грил тава.

Состојки:

1 земичка стар леб
1 главица кромид
3 лажици масло
600 гр мешано мелено месо
1 јајце
1 лажичка средно лут синап
сол
бибер
Начин на подготовка:

Натопете ја земичката во малку вода да омекне. Ситно исечканиот кромид кратко пропржете го на малку масло па, заедно со исцедената земичка, јајце, синап и бибер измешајте во меленото месо. Со раце добро соединете ја смесата.

Со влажни раце обликувајте мали ќофтиња и печете ги на на скара или во грил тава.

Послужете со компир салата.

Добар апетит!