25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Леб со тиквици

Вкусно и ароматично печиво со тиквици…

Состојки:
500 гр тиквици
380 гр брашно
2 лажички прашок за печиво
1/2 лажичка сода бикарбона
2 лажички цимет
1/4 лажичка мускатно оревче
1 лажичка сол
2 јајца
200 гр бел шеќер
100 гр кафеав шеќер
3/4 шолји маслиново масло
2 лажички екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 180 степени. Отстранете ја петелката на долниот дел на тиквицата и изрендајте ја во крпа. Добро притиснете за да излезе што повеќе течност од тиквиците.

Измешајте брашно, прашок за печиво, сода бикарбона и зачини.

Во посебен сад разматете јајца и додајте шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила.

Додајте изрендани тиквици во смесата со брашно, а потоа и додајте ја и смесата со јајца. Сè добро измешајте.

Смесата ставете ја во плех за печење и печете во загреана рерна околу 45-50 минути. Проверете со помош на чепкалка дали е печено. Почекајте печивото да се излади 10 минути, па потоа извадете го од плехот.

Добар апетит!