23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

СОВРШЕН ОБРОК: Мали слатки јунешки ќофтиња

Пробајте го овој рецепт и нема да зажалите…

Состојки:

450 гр мелено јунешко месо
3 лажици мелени бадеми
1 лажица рендан ѓумбир
2 рендани тиквици
6 домати исечкани на коцки
2 лажици сечкан власец
3 лажици сечкан магдонос
250 гр шампињони исечкани на четвртини
1 јајце
масло
сол
бибер

Начин на подготовка:

Во чинија измешајте мелено месосо мелени бадеми, ѓумбир, тиквици, влашац, јајце и магдонос. Посолете и побиберете, па обликувајте 16 ќофтиња со еднаква големина.

Во тава загрејте малку масло на средна температура и испржете ги ќофтињата додека не поруменат.

Потоа додајте сечкани домати и шампињони. Поклопете и оставете да крчка на средна температура 15-20 минути.

Добар апетит!