25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Богата пилешка чорба

Подгответе ја највкусната пилешка чорба со зеленчук!

Состојки:

  • 300 гр пилешко
  • 150 гр зеленчук (морков, целер, магдонос, праз, кафриол)
  • 1,2 л супа од коски или бујон
  • 40 гр маст
  • 20 гр брашно
  • 40 гр кромид
  • 1 чешне лук
  • 5 гр лута пиперка
  • 1/2 дл бело вино или сок од лимон
  • 1/2 дл кисела павлака
  • 1 жолчка
  • ловоров лист
  • целер
  • сол

Начин на подготовка:

Пилешкото исчистете го од коски и исечкајте го на парчиња, па додајте ситно сечкан зеленчук. Сè ставете во супата од коски и гответе на лесен оган.

Посебно подгответе светла запршка од брашно, кромид, лук и пиперка, залијте со студена вода и додајте ја во супата.

Посолете, додајте ловоров лист. Чорбата на крај закиселете ја со сок од лимон или вино, прелијте со кисела павлака со жолчка или по желба додајте сечкан целер.

Добар апетит!