9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Сочно јадење за целото семејство: Пилешки гради печени во млеко

Сочно пилешко печено во млеко – брзо и вкусно јадење!7

Состојки:

  • 400 гр пилешко бело месо
  • 100 мл бело вино или пилешки бујон
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици брашно
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 чешне лук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Исечете ги пилешките гради да бидат со еднаква дебелина. Посолете и побиберете по вкус, па извалкајте го пилешкото во брашно.

Загрејте масло и пропржете ситно сечкан кромид. Додајте месо и печете додека не порумени.

Во тавата додајте бело вино или пилешки бујон и претходно разматено брашно и млеко. Мешајте за сосот да не се залепи за дното.

Кога сосот ќе ја добие саканата густина додајте ситно сечкан магдонос и лук. Сервирајте топло со салата по желба.

Добар апетит!

Спонзорирано: