6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Подобро јадење немате пробано: Во овие пиперки се крие нешто необично!

Полнетите пиперки се неизоставен дел од менито на речиси сите семејства. Ретки се оние кои не го знаат традиционалниот начин на подготовка на ова јадење.

Но, понекогаш во кујната добро е да се експериментира, па поради тоа ви донесуваме рецепт за запечени полнети пиперки кои навистина ќе ви се допаднат!

Состојки:

800 гр мешано мелено месо
1 конзерва пелат домати
1/2 л густ доматен сок
1 тиквица
сол
пипер
зачини по желба
рендано сирење

Начин на подготовка:

Исчистените пиперки преполовете ги и наредете ги во плех. Зачинетото месо ставете го во пиперките, по нив изрендајте квалитетно сирење и поклопете со кругови тиквици.

Прелијте со доматен сок и пелати и печете околу два часа, прво на 130, а пред крај на 180 степени.

Добар апетит!

Спонзорирано: