18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Хармонија на вкусови: Направете домашно тоблероне

Уживајте во популарниот десерт направен во вашата кујна!

Состојки:

300 гр чоколадо
300 гр лешници
3 јајца
300 гр путер
300 гр бисквити
300 гр шеќер

Начин на подготовка:

Карамелизирајте 200 гр шеќер и измешајте во карамел 200 гр препечени лешници. Измешајте и ставете на намастена чинија, оставете да се излади.

Остатокот од шеќерот пенасто разматете го со јајца. Путерот посебно разматете го па соединете го со јајцата, додајте растопено чоколадо и 100 гр мелени лешници.

Грилијашот од лешници исечкајте го ситно и измешајте го во смесата, па додајте мелени бисквити. Масата добро измешајте ја убаво да се соедини и ставете во калапи. Оставете во фрижидер да стегне.

Послужете и уживајте!