18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Крцкава сланина со препечен леб и лук!

Совршена комбинација на лук, сланина и леб…

Состојки:
8 парчиња леб
100 мл маслиново масло
1 главица лук
сол
200 гр чадена сланина
100 гр кајмак

Начин на подготовка:

Исчистете главица лук и исечкајте на што поситни парчиња. Во чинија ставете маслиново масло и исечкан лук, додајте малку сол.

Потоа исечете го лебот на парчиња и натопете ги парчињата во маслиновото масло и лукот, но само од едната страна.

Исечкајте ја сланината на тенки парчиња.

На еден поголем плех ставете алуминиумска фолија па на неа наредете ги парчињата леб натопени во маслиново масло и лук, покрај нив ставете сланина на алу фолија.

Печете во загреана рерна 15 минути на 200 степени.

Извадете од рерна и послужете така што на парчињата леб ќе ставите крцкава сланина, а можете да додадете и по една лажица кајмак.

Добар апетит!