18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Ориентална кисело лута супа со ѓумбир како домашна инфузија

Сакате луто, сакате кисело, сакате здраво? Ова е вистинската супа за вас!

Популарната супа од Азија добива се поголема популарност во Европа. Детокс, диетална и здрава – оваа супа ќе стане дел од вашите оброци.

Состојки:

1 црвена лута пиперка
1 лажичка рендана кора лимон
3 см корен од свеж ѓумбир
1 морков
1 праз
1 лажица сусамово масло
1 лажица оцет
1 л пилешки бујон
1 лажица густин
3 лажици соја сос
малку бибер

Начин на подготовка:

Пиперката исчистете ја од семки и ситно исечкајте ја. Ѓумбирот изрендајте го, морковот исечкајте го на стапчиња, а празот на кругови.

Во тенџере загрејте сусамово масло, па кратко продинстајте ги пипекрата, ѓумбирот, морковот и кората од лимон. Додајте праз па налијте 900 мл супа и лажичка оцет. Во остатокот од супата додајте лажица густин, измешајте и додајте го во супата. Почекајте да зоврие па гответе уште неколку минути. Зачинете со соја сос и бибер.

Добар апетит!