11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Шницли во сусам сос: Никој нема да стане од маса додека не се испразни тавата!

Едно е сигурно – ќе го обожавате ова фантастично јадење!

Состојки:

  • 8 шницли
    сол
    бибер
    2 полни лажици брашно
    2 полни лажици сусам
    масло
    700 мл супа или супа направена од говедски коцки
    лист магдонос

Начин на подготовка:

Шницлите исчукајте ги како за поховање, па додајте сол и бибер од едната страна. Загрејте масло во тава, 100 – 150 мл. Загрејте помеѓу среден и силен оган.

Секоја шницла извалкајте ја во брашно и пржете ја од двете страни додека малку не порумени. Вадете ги шницлите на чинија.

Во маслото во кое сте ги испржиле шницлите ставете сусам и остатокот од брашното. Пропржете неколку минути, па вратете ги шницлите и прелијте со супа.

Намалете го огнот лесно да крцка, а пред крај додајте магдонос. Послужете топло.

Добар апетит!