23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Крадец по гаќи пропаднал низ плафон на ресторан, се истепал со гостите и побегнал

Полицијата во Алабама соопшти денеска дека крадец без панталони пропаднал низ плафонот на еден ресторан, се истепал со гостите и побегнал од местото.

https://www.youtube.com/watch?v=dgd0bE4JOtk

Шефот на полицијата во Тускумбија, Тони Логан, вели дека 27-годишниот Глен Бост се обидел насилно да влезе во канцеларијата на ресторанот Вафл Хаус (Waffle House) преку покривот.

Логан рекол дека Бост отишол во тоалетот и ја врзал вратата со своите панталони за никој да не влезе.

Оттаму сакал да дојде до канцеларијата, но пропаднал низ плафонот во делот со гостите, кои почнал да ги удира, а потоа побегнал.

Полицијата наведува дека Бост се бара поради кражба и дека постои уште еден осомничен кој не е идентификуван.