18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес на брегот на Гренланд

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди оддалеченото подрачје по должина на источниот брег на Гренланд, објави Американскиот геолошки институт.

„Ројтерс“ наведува дека првично беше објавено дека јачината на земјотресот изнесувала 7,1 степен според Рихтер, но подоцна таа бројка е променета и јачината на земјотресот е измерена на 6,8 степени, а епицентарот на земјотресот бил 407 километри источно од Итокортормит во Гренланд.

Системот за предупредување од цунами во САД објави дека земјотресот бил доволно силен за да предизвика бранови во морето, но, сепак, не се очекува појава на цунами во области каде што има населено луѓе.