14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турските власти наредија притворање на 100 војници

Турското обвинителство нареди притворање на 103 војници поради сомнеж дека се поврзани со имамот од САД кој е обвинет дека стои зад обидите за воен удар во 2016 година.

Полицијата врши редовни акции против наводните приврзаници на Фетулах Ѓулен од обидот за пуч, кога беа убиени 250 лица. Ѓулем демантира вмешаност.

Во последните операции во Истанбул и уште 31 провинција полицијата приведе 74 лица, јави агенцијата „Анадолија“. Сите осомничени се активни воени лица, а меѓу нив има полковници и потполковници.

Истрагата покажа дека меѓусебно комуницирале по пат на фиксни телефонски линии и од телефонски говорници, се наведува во извештајот.

Спонзорирано: