21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Австриски полковник обвинет за шпионажа три децении ѝ испраќал информации на Москва

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека „непријатно е изненаден” од веста дека поранешен австриски полковник е обвинет за шпионажа во корист на Москва.

Еден во меѓувреме пензиониран полковник во австриската војска за време на неговата активна служба шпионирал 30 години за Русија, открија австриските власти, благодарение на информации добиени од странски разузнавачки служби. Австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерот за одбрана на земјата потврдија дека почнале со истрага поврзна со овој случај.

Курц на вонредна закажана прес-конференција ги осуди активностите на Русија и рече дека нешто не е во ред. Тој истакна дека рускиот претседател, Владимир Путин, лично треба да го разјасни ова прашање.

„Вакво нешто не смее да се прави и ова важи за сите нации”, истакна тој.

Курц објави дека амбасадорот на Русија ќе бидат повикан на интервју во Министерството за надворешни работи и ги негираше наводите дека австриската соработка со меѓународните разузнавачки служби не функционира.

„Врз основа на откривањето на оваа афера, можеме да види дека сме совршено поврзани”, истакна Курц.

Според ТАС, австрискиот канцелар рече дека Виена не планира да го повлече амбасадорот на Русија во нивната земја.

„Овој случај покажува дека дури и по крајот на Студената војна, неутралните држави биле цел на шпионажа. Ова покажува и колку е важно доброто функционирање на мрежна безбедност. За нас, ова е причината поради која размислуваме оваа мрежа да ја направиме дури и потесна. Надлежниот орган во врска со тоа ќе направи анализа, со посебен акцент на сајбер-одбраната “, рече министерот за одбрана Кунасек.

Првиот контакт со австрискиот полковник и руските служби е снимен во 1988 година, за време на неговата посета на Техеран, каде што се регрутира и три децении потоа ѝ испраќал информации на Русија, за што биле давани и 300 000 евра, пишува виенскиот весник „Кронен цајтунг”.

Москва пред сè ја интересирале инфомрации за борбените авиони „јурофајтер”. Полковникот работел многу професионално, имал неспоредлива улога во раководството на армијата. Секои две недели бил во контакт со неговата руска врска под името „Јуриј”, пишуваат тамошните медиуми.

Задачите за неговите „дополнителни работи” тој ги добивал преку еден приемник, но своите пораки ги пишувал на тајно писмо или, пак, нив директно, преку сателитски комуникации ги проследувал до Русите.

Интересот на Русија во австриската армија бил голем, дознала контраразузнавачка служба во текот на истрагата. Полковникот требало да собере колку што е можно повеќе чувствителни информации за воената авијација на Австрија, артилериските системи, како и брифинзи на седиштата.

Непосредно пред откривање на полковникот, тој испраќал извештаи за состојбата со миграцијата во Австрија и составувал детални профили на личности од многу високи офицери во австриската војска. Кога Русите добиле информации за можно откривање на нивниот шпион било наредено да се уништат сите материјали, но австриските власти успеале да го спречат тоа.