20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Квалитетно едуцирани полициски службеници се основа за успешно функционирање на МВР

Kвалитетната едукација на полициските кадри, постојаното надградување на поединечните знаења и искуства, независно за кои организациски единици станува збор, претставуваат, меѓу другото, едни од базичните претпоставки за успешно и динамично реформирање на Министерството во целина, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на Центарот за обука на МВР.

Истовремено тие, во оперативен смисол, се есенцијални за поефикасно, стручно и професионално работење на сите припадници на Министерството.

„Токму Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи е онаа клучна алка, важна во системското функционирање на Министерството, во доменот на образованието и образовната надградба и специјализација. Оттаму сметам дека е од особена важност Центарот како организациска единица да го добива третманот што го заслужува, а во интерес на негово натамошно етаблирање како кредибилна, стручно и организациски оспособена единица во рамки на Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски.

Во моментов, во Центарот за обука се реализира едногодишна обука за полицаец за избраните 550 кандидати за полициски службеници од класата 2018/2019 година. Обука којашто се одвива во три образовни модули на теоретско и практично образување на идните наши полициски службеници.

„За мене, односно за актуелното раководство на МВР, образовниот статус и едукација на полициските службеници е императив, впрочем и затоа сме денес овде, меѓу другото, уште еднаш јасно да ја демонстрираме таа наша заложба и поддршка, и ќе бидеме и натаму максимално отворени за сите предлози, идеи, иницијативи за натамошно унапредување на Центарот и негово трансформирање во модерна, по европски терк, стручно-образовна полициска институција“, рече Спасовски.