24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зоолошка градина донираше прочистувачи на воздух во домот за деца без родители

Зоолошка градина Скопје донираше прочистувачи на воздух во домот за децата без родители „11 Октомври“.

„Ветивме дека нашата институција ќе помага на сите деца. Ние сакаме децата да растат здраво и да се едуцираат. Зоолошката ќе биде секогаш отворена за нив“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Од Зоолошката градина додаваат дека со ова сакаат да ги поттикнат и другите институции да помагаат и донираат секаде каде што можат.