8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Балетската претстава „Клеопатра“ на репертоарот на МОБ

На 14 и 17 овој месец во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Клеопатра“, со почеток во 20 часот.

„’Клеопатра’ на реномираниот кореограф Василиј Медведев е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сè уште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет“, велат од МОБ.

За „Клеопатра“, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, сценографијата и костимографијата е на Павол Јураш од Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова во улога на Клеопатра, Васил Чичијашвили од Грузија како Цезар, Бобан Ковачевски е Марк Антони, Марија Кичевска Шокаровска е Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска во улогата на Змија.

Солисти се балетскиот ансамбл, оркестарот и хорот на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.

Билетите може да ги резервирате и купите на билатерницата на МОБ или онлајн на www.mob.mk.