3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шест повредени по падот на „боинг“ на аеродромот во Гвајана

Авион на „Флај Џамејка ервејс“ на летот за Торонто со 126 патници имаше хидрауличен проблем наскоро по полетувањето и беше принуден принудно да слета на аеродромот „Чеди Џаган“ во Гвајана, пренесува „Спутник“.

Според извештаите, шестмина патници биле повредени кога авионот Боинг 757 на „Флај Џамејка“ бил принуден да слета, при што ја надминал пистата и престанал да се движи кога се судрил со голема песочна бариера во близина на еден ендек.

Службите за итна помош биле веднаш испратени и успеале да ги извлечат сите патници и членови на екипажот. Според министерот за јавна инфраструктура на Гана, Дејвид Петерсон, шест патници се повредени, но повредите на патниците не се опасни по живот.

По инцидентот аеродромот беше затворен, но подоцна беше повторно отворен.

Спонзорирано: