24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тепачка во црква на Митровден – едно лице испратено на скопските Клиники

Околу 12.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во дворот на црквата „Св.Димитрија“ во село Баница, струмичко, за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28).

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.