14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мачен и убиен уште еден саудиски новинар

Уште еден саудиски новинар и дисидент е мачен и убиен во затвор во Саудиска Арабија, еден месец по убиството на Џамал Кашоги во конзулатот во Истанбул, објавуваат групи за човекови права.

Тие соопштија дека Турки бин Абдул Азиз ал Џасер бил убиен во саботата, како и дека саудиската влада се сомневала дека тој во тајност водел налог на „Твитер“ со корисничко име „Кашкоол“, на кој биле изнесени кршења на човекови права од страна на владата.

Новинарот го разоткриле саудиски шпиони во Дубаи и бил уапсен во март, се наведува на сајтот Thenewkhalij.news. Шпионскиот прстен наводно го води Сауд ал Каштани, крупен советник на крунскиот принц Мохамед бин Салман, кој е сменет по кризата поради убиството на Кашоги.

Турските медиуми тврдат дека персоналот на саудискиот конзулат во Истанбул се обидел да ги демонтира безбедносните камери, за да го прикријат злосторството со Кашоги. Работниците се обиделе на 2 октомври да ги откачат камерите во објектот, денот кога Кашоги влегол во конзулатот и на лице место бил убиен. Исто така се наведува дека неколку дена подоцна тие се „позанимавале“ со видеосистемот во стражарската куќичка на полициското обезбедување надвор од комплексот.