18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово поставува услови: Нема дијалог со Белград без визна либерализација

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, и неговиот заменик Енвер Хоџај навестија можност за прекин на дијалогот со Белград. Тие навеле дека тоа ќе биде направено доколку прашањето за визната либерализација за Косово не биде на дневниот ред во декември.

Како што пишува приштинскиот весник „Епока е ре“, двајцата ја сметаат за разумна поврзаноста на двата процеса.

Харадинај и Хоџај, како што наведува дневникот, веруваат дека не е в ред тоа што Брисел ја притиска Приштина на дијалог, а истовремено не носи одлука за визната либерализација на Косово.

Претставниците на власта во Приштина им ветија на граѓаните дека визна либерализација ќе добијат до крајот на оваа година. Меѓутоа, повеќе официјални лица на ЕУ минатите месеци предупредуваа дека Приштина уште не ги исполнила сите критериуми за добивање визна либерализација, пишува весникот.