3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брачна двојка ги помина последните моменти во болница на 66-годишнината од венчавката

Рон и Мери Билтон сериозно мислеле кога на венчавката си ветиле дека ќе бидат заедно сè додека смртта не ги раздели. Двојката ги помина последните заеднички часови во заеднички болнички кревет на 66-годишнината од венчавката. Рон и Мери беа во истата болница во која таа лежеше поради канцер, а тој поради откажување на внатрешните органи.

Рон лежеше девет ката над Мери, и кога болничкиот персонал дозна дека двајцата се во брак и дека слават годишнина, тие организираа да бидат во соседни кревети и да се држат за раце. Медицинската сестра Рози Фертерстон изјави дека персоналот на болницата направил сè за Рон и Мери да бидат заедно.

Мери била донесена во инвалидска количка, а нејзиниот сопруг ѝ ја држел раката додека умирала. Тој почина неколку дена подоцна.

Тие беа погребани заедно, неколку дена по смртта.

Спонзорирано: