17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Флекенштајн: Можно е Меркел да си замине и порано од функцијата

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека нема да се кандидира за нов мандат во 2021 година кога ѝ истекува сегашниот мандат, но таа може да ја напушти функцијата многу порано, изјави денеска европратеникот Кнут Флекенштајн, кој исто така е и дел од Социјалдемократската партија, коалициски партнер на партијата на канцеларката Меркел, Христијанската демократска унија во федералната влада.

„Можно е таа да замине дури и пред 2021 година. Големата коалиција во 2020 година прави преглед на ситуацијата, ако сфатат дека нешто не е добро, тогаш мислам дека коалицијата нема да го издржи целосниот мандат од четири години. Тогаш е време за нов канцелар“, рече е Флекенштајн за „Б92“.