8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Кинеската полиција користи софтвер за препознавање на луѓето по начинот на кој одат

Кинеските власти почнаа да применуваат нова алатка за надзор и идентификување на луѓето – софтвер за препознавање на формата на телото и начинот на одење на секој човек, дури и кога лицата им се скриени од камерите.


Софтверот веќе е во употреба на улиците во Пекинг и Шангај, а е дел од акцијата на Кина за развој на вештачка интелигенција и надзор врз основа на следење на податоци. Акцијата кај многумина предизвикува загриженост поради целта за која се користи технологијата.

Хуанг Јонгжен, директор на компанијата „Ватрикс“, вели дека неговиот систем може да идентификува луѓе од далечина до 50 метри, дури и кога се свртени со грб или лицата им се покриени. Тоа може да ја пополни празнината на системот за препознавање лица кој бара слики со висока резолуција.

„Системот не може да се измами со намерно подгрбавено одење или на други начини“, тврди Хуанг кој додава дека се анализираат сите карактеристики на целото тело. „Ватрикс“ минатиот месец соопшти дека се задолжила 14,5 милиони долари за да го забрза развојот и продажбата на својата технологија за препознавање на одот.

Ваквата технологија за препознавање на одот не е нова. Научниците во Јапонија, Велика Британија и американската Агенција за информациони системи за одбрана го истражувале препознавањето на одот подолго од десет години, обидувајќи се на разни начини да го победат скептицизмот кон можноста луѓето да се препознаваат по начинот на кој одат.

Професори од Универзитетот во Осака соработуваат од 2013 година со Државната полициска агенција на Јапонија на пробно користење на софтверот за препознавање на одот. Но, речиси никој не ја комерцијализирал оваа технологија, сè до сега.

„Тоа е компјутерски посложено од останатите биометрии“, изјави Марк Никсон, водечки експерт за препознавање на одот од Универзитетот Саутемптон во Велика Британија. „Потребни се поголеми компјутери за да се анализира одот затоа што за тоа се потребни шовеќе фотографии, а не само една“, додава тој.

Прецизност од 94 отсто

Софтверот на „Ватрикс“ од видеоснимки ја извлекува силуетата на човекот и ги анализира неговите движења за да направи единствен модел на начинот на кој оди тоа лице. Системот, меѓутоа, сè уште не е во состојба да ги идентификува луѓето веднаш во реално време. Корисниците мора најпрво да внесат видео во програмата на која ѝ требаат 10 минути да анализира едночасовно видео. Програмата не функционира со снимки од посебни камери, туку може да користи снимки од обични камери за видеонадзор.

Иако софтверот не е толку добар како програмата за препознавање лица, Хуанг вели дека прецизноста од 94 отсто е доволно добра за комерцијална употреба. Тој предвидува софтверот за препознавање на одот да се користи заедно со софтверот за скенирање лица.

Кинеската полиција неодамна почна да користи очила со технологија за препознавање лица.