15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индонезија со фатва забрани вакцини против мали сипаници и рубеола

Индонезискиот Совет на улеми, што е највисокиот исламски орган во таа земја, во август годинава забрани употреба на вакцини против мали сипаници и рубеола, под сомнение дека се произведени од состојки добиени од свињи, кои во исламот се сметаат за нечисти животни.

Иако во случаите каде што не постои соодветна замена за ваквите вакцини законски е дозволено користењето на забранетите, сепак, голем број од жителите на Индонезија сè уште ја следат оваа верска одредба, што доведе до пад на колективниот имунитет, пишува Science alert.

Наведената верска забрана или фатва не е правно обврзувачка, но муслиманите кои строго ги следат религиозните принципи на својата заедница, многу сериозно ги сфаќааат и посветено ги почитуваат ваквите забрани.

Кога на тоа ќе се додаде и недовербата на граѓаните кон вакцините, воопшто и неупатеноста на жителите за тоа како функционираат вакцините и на кој начин ја штитат целата заедница, ризикот од епидемија на мали сипаници и рубеола значително се зголемува. Затоа, индонезиската влада прави огромни напори за едукација и информирање на населението.

И покрај многуте проблеми, властите успеаја да почнат проект за вакцинација на деца на островот Јава за да се спречи честатата појава на морбили. Целта на владата беше да се вакцинираат речиси 70 милиони деца на возраст меѓу 9 месеци и 15 години.

Сепак, не сите исламски и еврејски заедници имаат проблем со лековите базирани на желатин добиен од свињи, особено ако се однесуваат на заштита од сериозни болести и епидемии.

На пример, Државниот одбор за фатви во малезиската држава Теренгану донесе одлука за задолжителна вакцинација во 2016 година.

Спонзорирано: