14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште една сојузна американска држава ја легализираше марихуаната

Рекреативната употреба на марихуана ќе биде легална во Мичиген, по прифаќањето на предлогот на новиот закон во рамки на американските избори за Конгресот.

Граѓаните на Мичиген го поддржаа предлог-законот за легализација на марихуаната, една во серијата иницијативи за која Американците се изјаснија на изборите на половина од претседателскиот мандат на Трамп.

Предлог-законот за легализација на марихуаната во Мичиген овозможува рекреативна употреба на марихуана за сите граѓани постари од 21 година. Законот, исто така, дозволува поседување на 70,8 грама од оваа супстанца без ризик од апсење.

Мичиген се приклучи на девет други сојузни држави и главниот град Вашингтон во легализацијата на рекреативната употреба на марихуана. Според федералните закони на САД, марихуаната и натаму останува нелегална.

Новиот закон им овозможува на граѓаните на Мичиген да купуваат марихуана и прехранбени производи збогатени со марихуана, како и да одгледуваат до 12 растенија канабис во своите домови. Сојузната држава очекува приходи од околу еден милион долари од продажба.

Гласачите на Северна Дакота го отфрлија сличниот предлог-закон, соопштија властите. По пребројувањето на гласовите, се проценува дека 60 отсто од гласачите одбиле да се легализира рекреативната употреба на марихуана.

Спонзорирано: