13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Конференција на тема „Инклузија на Ромите по завршување на Декадата на Ромите: Тековна состојба и предизвици“

Во организација на канцеларијата на Народниот правобранител, а со финансиска поддршка на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе се одржи дводневната регионална конференција на тема „Инклузија на Ромите по завршување на Декадата на Ромите: Тековна состојба и предизвици“.

Конференцијата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети и Даниела Будинова, вршител на должноста амбасадор на Република Бугарија, соопштија од канцеларијата на Народниот правобранител.

На конференцијата, како што соопштуваат, ќе бидат презентирани резултати од неколкуте спороведени исражувања, ќе се разговара и за согледувањата на Народниот правобранител за состојбите во оваа област низ годините, потоа ќе се зборува и за согледувањата и искуствата на надлежните институции во Република Македонија, а ќе се зборува и за искуствата од спроведувањето на Декадата на Ромите од земјите од регионот.

Спонзорирано: