11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Манасиевски: СДСМ ги одби амандманите за подобрување на условите во студентските домови

Пратениците на СДСМ вчера го одбија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за додавање средства во ребалансираниот буџет за реконструкција и одржување на студентските домови во вредност од 40 милиони денари, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ од пред зградата на Собранието.

„Со СДСМ живееме во време на апсурди. Власта има пари за луксузи, 670 илјади евра за цвеќиња, 40 илјади евра за кафе и 1 милион и 600 илјади евра за лубриканти, но нема за студентите, нема за младите, и нема за оние на кои им е најпотребно. Власта, од која дел се и така наречените големи поборници за правата на младите и студентите Павле Богојески, Ивана Туфегџиќ и Дарко Каевски, експресно ги одби амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои се во насока за подобрување на условите во студентските домови“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека имајќи ја предвид сè полошата ситуација во која се наоѓаат студентските домови и неодговорноста на власта, како опозиција сметаат дека парите кои власта ги одвојува не се доволни.

Според Манасиевски, власта крати пари наменети за студентите во услови кога секојдневно се зборува дека студентите немаат топла вода, парното е слабо, а храната што им се служи на студентите не ги задоволува ниту потребните калорични и нутритивни потреби.

Спонзорирано: