5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Соботка: Однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европските вредности

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со претседател на националниот совет на Австрија, Волфган Соботка, го информира својот соговорник за политичкиот прогон што го спроведува власта преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите, соопшти партијата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европските вредности кон кои се стреми Македонија.

Мицкоски ја потенцира и влошената економска состојба во Македонија, која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Тој истакна дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а Владата не може да обезбеди економски раст.

Соговорниците разговараа и за реформските приоритети, кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО.

На средбата беше истакнато дека е од огромно значење поддршката на Република Австрија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но приоритет е земјата сериозно да се зафати со реформи, во кои, за жал, моментно власта сериозно заостанува“, е наведено во партиското соопштение.

Спонзорирано: