18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел расположена да соработува со секој кој би можел да ја наследи

Германската канцеларка, Ангела Меркел, порача дека може добро да соработува со секој потенцијален наследник на местото лидер на демохристијаните.

Меркел нагласи дека нејзината конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ) е посветена на коалицијата со социјалдемократите, пренесе АП.

Таа минатата недела најави дека ќе се повлече од чело на ЦДУ по 18 години, но ќе остане канцелар до крајот на својот мандат.

Како можни идни лидери, партијата ги споменува генералниот секретар – Анегрет Крамп-Каренбауер, актуелниот министер за здравство – Јенс Шпан, и поранешниот шеф на пратеничката група – Фридрих Мерц, кој Меркел го замени во 2002 година, поради што многумина се сомневаат во нивната соработка.

Таа, меѓутоа, рече дека ни најмалку не се сомнева oти може добро да работи со Фридрих Мерц, како и секој друг кандидат.