9.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туск на сослушување поради финансиска измама во Полска

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, сведочеше во Полска во рамки на парламентарната истрага за пирамидната шема со која неколку илјади Полјаци со измама останаа без заштедите во период додека тој беше на премиерската функција.

Туск го испитуваше комисија, која претходно ислуша десетина државни официјални лица, настојувајќи да утврди одговорност за измамата.

Комисијата се фокусирала на утврдување на размерите на контролата на Туск над државната безбедност и другите ресори и периодот кога станал свесен за оваа шема.

Туск беше на чело на полската влада од 2007 до 2014 година, а измамата е откриена во 2012 година.

Според наводите на обвинителството, околу 19 000 инвеститори изгубија повеќе од 225 милиони долари во еден од најголемите финансиски скандали во Полска. Организаторите на измамата служат затворска казна.