17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Издадена е наредба за обдукција на телото на 17-годишната девојка пронајдена во водите на Вардар

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде наредба за обдукција на телото на седумнаесетгодишната девојка која доцна синоќа беше пронајдена во водите на Вардар.

Девојчето, како што соопштија од полицијата и обивнителството, враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде што била нападната од кучиња скитници и бегајќи од нив паднала во надојдените води на реката во близина на мостот.

Случајни минувачи се обиделе да ѝ помогнат, но не успеале бидејќи девојчето веднаш по падот во водите се удавило. Безживотното тело било пронајдено доцна синоќа околу шест километри низводно по течението на Вардар, во близина на селото Балин Дол, соопштија од обвинителството. Телото го нашле жителите, а било извлечено со помош на полициските екипи.

Јавниот обвинител извршил увид и на местото на кое девојката паднала во реката и на местото каде што беше пронајдено нејзиното тело, а беше земен и исказ од сведоци со цел да се утврдат точните факти за настанот, соопштија од ОЈО Гостивар.

Идентификацијата на телото на девјочето ја извршиле членови на семејството на сега починатата, се наведува во соопштението на обвинителството.