7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Златна треска: За три месеци во светот купени 148 тони злато, Русија води рекорди

Во светот во последните три месеци од оваа година се купени повеќе од 148 тони злато, што е за 22 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година. Најголема количина злато купила Русија – 99,2 тони и Турција – 18,5 тони, покажуваат податоците на Светскиот сојуз за злато.

Резервите злато на Централната банка за првпат надминаа две илјади тони, па во овој момент Русија поседува 17 отсто од светските резерви, чија вредност се проценува на повеќе од 78 милијарди долари.

Резервите на злато, исто така, ги зголемија и Казахстан – 14,4 тони, како и Индија и Полска на 13,7 тони.

,,Ова е долгорочна стратегија. Претходно бевме сопствениците на стотици милијарди долари во американски хартии од вредност. Затоа во 2010 година имавме 176 милијарди долари, а сега имаме едвај повеќе од десет милијарди долари”, вели политикологот од Високата школа за економија, Андреј Суздаљцев.

Спонзорирано: