3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: Нема да вложиме протест до Франција поради знамето на Косово во Париз

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија нема да вложи протест против Франција поради истакнувањето на косовското знаме на Богородичата црква во Париз, а причина за тоа е најавената посета на францускиот претседател, Емануел Макрон, на Белград.

,,Имајќи ја предвид претстојната посета на Макрон, што е прва посета на француски претседател на Србија по 18 години, моето мсилење е дека за тоа ќе треба да се разговара”, изјави Дачиќ за ,,Политика”.

Тој истакнувањето на косовското знаме во Нотр Дам го оцени како ,,генерално голем скандал затоа што не постои воена парада на која учествуваат и поразените”.

,,Ние тоа не можеме да го спречиме, но можеме да имаме подобри односи со Париз и затоа претстојната посета на Макрон е исклучително важна”, рече Дачиќ.

Спонзорирано: