22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жителка на Данска вмешана во милионска измама приведена во Јужна Африка

Полицијата во Јужна Африка уапси жена со потекло од Данска обвинета за кражба на 13.1 милиони фунти од Дански владини фондови наменети за најранливите категории во општеството, изјави данскиот државен обвинител за финансиски криминал.

Овој случај, кој за многумина претставува симбол на сè помалата доверба во институциите, а исто така проследен и со огромниот даночен скандал на владата, како и случајот со перење пари во кој е вклучна најголемата банка во земјата „Данске банк“.

Данска моментално соработува со официјални лица од Јужна Африка со цел да ја екстрадираат жената.

Според коалицијата за антикорупција „Транспаренси интернешнл“, Данска е една од најмалку корумпираните земји во светот.

Жената која била вработена во данското Министерство за социјални работи повеќе од 40 години е осомничена за трансфер на пари од владини фондови наменети за најранливите категории лица на нејзини сметки.

„Приведувањето на главниот осомничен во овој случај дава надеж за пронаоѓањето на загубените милиони“, данскиот министер за правда, Сорен Папе Полсен, напиша на Твитер.

Спонзорирано: